ДАЛИ Е ОВА НАЈСКАПИОТ РАЗВОД? – Еве колку Џенет Џексон ќе добие од катарскиот милијардер

popara26 април, 20171min00
4

Веста дека поп дивата Џенет Џексон се разведува од третиот сопруг, Висам Ал Манa, само три месеци по породувањето, ја објавија сите светски медиуми, а неодамна таблоидите укажаа и на потенцијалната причина за разделбата.

Имено, Џенет и катарскиот бизнисмен пред да стапат во брак потпишале предбрачен договор, според кој поп дивата може да добие повеќемилионска сума доколку добијат дете и доколку брачната заедница трае пет години.

Имајќи предвид дека овие услови се исполнети, бидејќи брачната двојка судбоносното „да“ го изговори во 2012 година, Џенет би можела да добие дури 500 милиони долари, тврдат таблоидите.

Меѓутоа, близок пријател на поп ѕвездата, кој воедно е и нејзин креативен директор, тврди дека Џенет таквата можност нема да ја искористи, пренесува Меил онлајн.

„Дури и ако постои можност мојата пријателка да добие 500 милиони долари бидејќи родила дете, таа тие пари нема да ги прифати зашто не е таква. Џенет е карактерна личност и никогаш не би прифатила исплата. И ако сте добро информирани, ќе знаевте дека таа не беше во брак пет туку четири години и неколку месеци“, напиша Гил Дулдалао на Инстаграм, критикувајќи ги сите кои го тврдат спротивното.

Инаку, катарскиот бизнисмен и поп ѕвездата пред три месеци го добија синот Елиш, а потоа објавија дека се разведуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag