Еден од најголемите пролетни мејкап-трендови дефинитивно ќе бидат впечатливите нијанси на кармин во портокалова боја. На модните писти во Њујорк, Лондон, Милано и Париз беа претставени од DKNY, Prabal Gurung, Rag & Bone, Dsquared и уште многу други брендови.
Портокаловиот кармин започна повторно да се појавува последните неколку години и всушност го замени црвениот во некои летни варијанти. Но тоа не се светлите седефасти нијанси какви што се носеа во доцните 80-ти во комбинација со иста боја лак за нокти. Топ-ефект се постигнува со малку поразлични комбинации.
Најмногу се носат мат порокаловите кармини, додека остатокот на лицето е нашминкано сосема минималистички.