Претседателот на САД Доналд Трамп ја назначи неговата најстара ќерка Иванка за советник и не се одвојува од неа. Минатата недела, Иванка беше домаќин на најмоќните жени на светот, вклучувајќи ги Ангела Меркел и Кристин Лагард, и очигледно е многу поекспонирана од првата дама, Меланија Трамп.
Сепак, американската јавност се прашува што се случува со втората ќерка на Трамп, Тифани. Зошто ја крие и зошто само таа, од сите возрасни членови на семејството, не е дел од неговата администрација.
Веќе е познато дека Тифани и Иванка не се во добри односи, а помладата ќерка со години живее во Калифорнија, далеку од својот татко, но не и од неговиот паричник.
За разлика од Иванка, која сака да се претстави како успешна бизнис сопруга, Тифани спаѓа во друштвото на раскалашени богаташки деца кои на социјалните мрежи се фалат со скапи одмори, автомобили и забава.
Ова може да биде една од причините што Трамп не ја сака крај себе, барем додека е претседател. Или можеби тоа не го сака Иванка?
Тифани неодамна матурираше и планира да студира право, но многу повеќе време троши на забави. Друштво ѝ се семејството Кардашијан и богатите деца на Инстаграм.
Но, како што пишува магазинот Vanity Fair, од неодамна таа се најде под контрола на Иванка која, под изговор дека ја задолжил нејзиниот татко, ѝ диктира како да се облекува, со кого да се дружи, како да се шминка…
Американските медиуми велат дека Тифани, единственото дете од вториот брак на Доналд, можеби е најслабата алка во семејството бидејќи е исклучително наклонета на скандали.