Минатата година Елисе Холандер напиша сценарио за животот на Мадона, кое го нарече „Blond Ambition“, а сега продукциската куќа Universal, реши да го снима и филмот.
Дејството е сместено во Њујорк во 1980-тите години, кога Мадона имаше потешкотии да го објави својот прв албум. Во филмот се прикажува целата кариера на Мадона, нејзините подеми и падови, како и дел од нејзиниот љубовен живот.
Елисе бил сценарист на повеќе биографски филмови, па најверојатно нема да не разочара со оваа приказна, бидејќи и самиот живот на Мадона е мошне интересен.