
Снимка од грабеж во ресторан во американската држава Канзас го запали интернетот.
Полицијата објави снимка од крадец кој нарачува храна, а потоа извлекува пиштол и го вперува во работникот на каса.
Тогаш настапува најинтересниот дел. Работникот не покажува ни ронка страв, дури кога крадецот го вперува пиштолот во неговата глава.
Наместо страв и паника, ноншалантно ја отвара касата како да станува збор за најобична нарачка на храна.
Полицијата соопшти дека нешто подоцна го уапсила напаѓачот.