
Поп-пејачката Ана Кокиќ неодамна снимаше спот за песната „Нови дан“, но не ни претпоставуваше дека една опасна сцена можеше да ја чини животот. Имено, пејачката се качила на врвот на планината над Алања каде што се наоѓа огромен водопад, сакајќи да сними атрактивна сцена. Ана влегла во водата која имала само 7 степени и по 10-тина минути нозете почнале силно да и’ трпнат и болат, така што веќе не ги ни чувствувала. И токму во тој миг, силната водна струја почнала да ја влече кон водопадот висок над 10 метри…
