На многу од нас ни се случило, откако долго време не сме биле физички активни, да се најдеме во ситуација на мускулна болка. Чувството да не можеш да ги подигнеш рацете или да клекнеш е многу непријатно, затоа ние ви нудиме неколку интересни начини како да се справите со болката во мускулите.
Сок од цреша
Овој сок набрзо се стекна со епитетот супер храна благодарение на високата концентрација антиоксиданти во својотв состав. Сокот има и други полезни својства, тој во голема мера ја намалува болката во мускулите. После интензивен тренинг испијте чаша сок од цреши и сами ќе се уверите.
Кофеин
Кофеинот исто така е доста ефикасен за справување со мускулната болка. Тој делува преку блокирање на аденозинот кој се ослободува од телото при повреда.