Намирници кои ќе ви помогнат во борбата против брчките

popara11 мај, 20171min00
4

Наместо да трошите огромна сума на пари за скапи козметички препарати против брчки, обидете се да го решите овој проблем со природни и ефтини намирници:

Белки: Белките содржат Б-комплек витамин, кој има моќ да ја затегне кожата и да ја намали појавата на брчки. За брзо затегнување, изматете две белки и нанесете ги на лицето и оставете ги да отстојат 30тина минути, па измијте го лицето со ладна вода.

Компир: Компирот содржи витамини Е и Ц и е одлично природно средство во борбата против брчките и предвременото стареење. Излупете и ситно изрендајте еден компир, па нанесете го на лицето и оставете го да отстои 20 минути, па исплакнете.

Кокосово масло: Кокосовото масло е дел од лосионите за сончање и нега на лицето и телото, но максимален ефект има кога е во најчиста форма. Искомбинирајте ладно цедено кокосово масло со неколку капки масло со витамин Е и нанесете го на лицето пред спиење. Вашата кожа ќе се регенерира во текот на ноќта.

Ананас: Ова тропско овошје содржи моќни ензими кои ги отстрануваат мртвите клетки и ја хранат кожата. Ставете неколку кришки ананас на лицето и оставете ги да отстојат 15 минути, па испланете.

Киви: Богат е со витамин Ц и ја потикнува регенерацијата на ожата. Маската од киви ги намалува брчките и ја прави ожата еластична. Излупете едно киви и изгмечете го, па додадете една лажица мед и измешајте. Оставете ја маската да делува на лицето 20 минути.

Лимонов сок: Силната киселина на лимоновиот сок помага во борбата против брчките така што ги уништува мртвите клетки од епидермот. Ставите неколку капки лимонов сок на најкритичните делови од лицето и вашата кожа ќе стане мека и нежна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag