Mакедонската евровизиска претставничка Јана Бурческа со песна „Dance Alone“ не влезе во финалето за Евровизија, кое ќе се одржи в сабота.
Во финале одат Бугарија, Белорусија, Хрватска, Унгарија, Данска, Израел, Романија, Норвешка, Холандија и Австрија.
Сепак, таа пред настапот откри дека е бремена, а Александар од нејзиниот бенд „Оф битс“ јавно ја запроси пред милиони гледачи од цела Европа, за време на гласањето за Евросонгот. Тие се заедно две години.