Иако нутриционистите не советуваат да не држиме „драстични диети“, многу луѓе испробуваат таканаречени „брзи диети“ со кои сакаат да изгубат повеќе килограми во краток временски период. „Брзите диети“ се најупотребувани во светот; некои ги следат затоа што немаат трпение за подготвување на здрава, готвена храна, други затоа што немаат време да вежбаат, трети затоа што едноставно сакаат да видат инстант резултати. Ви ги претставуваме четирите диети кои ќе придонесат најбрзо да ги „симнете“ несаканите килограми, но според експертите овие диети се ризични за вашето здравје.
- Диета со чорба од зелка
Диетата со чорба од зелка се фокусира на конзумирање само супа од зелка цела недела, а дозволено е конзумирање на овошје, но само од време на време. Оваа диета е дизајнирања за губење на 5 килограми во една недела, и тоа без вежбање. Чорбата од зелка најчесто се состои од:
- Кромид
- Зелени пиперки
- Домати од конзерва
- Зелка
- Целер
- Кромид во прав или супа од кромид
- Коцка за супа
- Зачини
- Диета со сокови
Оваа диета е базирана на конзумирање на најразлични сокови како како примарен извор на храна во текот на целиот ден. Дозволени се сокови од различни овошја и зеленчуци, кои обезбедуваат витамини и хранливи материи. Со оваа диета, не само што се намалува внесот на калории, исто така се намалува и внесот на јаглехидрати. Оваа диета е всушност диета за детоксификација на организмот, а се користи и за одвикнување од нездрави навики како прејадување, пушење или алкохол. Еве ја листата на овошје и зеленчук кои се користат при оваа диета. Со оваа диета ќе изгубите некаде помеѓу 3-4 килограми дневно. Се препорачува приготвување на свежи сокови преку соковник.
- Целер
- Краставица
- Домат
- Лимон
- Јаболко
- Ананас
- Морков
- Портокал
- Ѓумбир
- Диета со течности
Како и диетата со сокови, така и оваа диета се потпира на течностите за да се намали телесната тежина. Хранливите материи се внесуваат преку сокови и течна храна. Храната може да биде домашна или пак специјално изработена од нутриционисти кои додаваат и хранливи материи кои го помагаат согорувањето на мастите. Оваа диета може да биде базирана само на течности, или пак на внесување на само еден „цврст“ оброк дневно (се препорачува тоа да биде ручекот).
- Диета со грејпфрут
Додека другите диети бараат од Вас наместо храна да внесувате само одреден тип на чорба или течност, диетата со грејпфрут Ви овозможува да јадате храна, со која ќе конзумирате половина грејпфрут или сок од грејпфрут со секој оброк. Основното нешто што го бара оваа диета е да се намали внесот на јаглехидрати. Грејпфрутот е неопходен бидејќи помага при согорувањето на мастите, а Вам ви е дозволена храна богата со протеини и масти, како и јајца и месо. Храна како овошје, зеленчук, житарици и житни култури не се дозволени за време на траењето на грејпфрут диетата, која обично трае 10-12 дена. Исто така треба да се намали внесувањето на калории, односно да се сведе на 1200 калории дневно.
Ризикот кој го носат овие диети:
Овие диети се ефективни во брзо слабеење, но не се препорачуваат поради ефектите кои може да имаат врз вашето тело. При држењето на овие диети, внесот на калории и хранливи материи е сведен на минимум. Со драстичното намалување на калории, телото не може да ја добие на енергија која му е потребна во текот на денот. Со рестриктивната исхрана се намалува и количината на хранливите материи кои дневно Ви се потребни. Овие диети можат да имаат долготрајни последици на вашето тело. Размислете пред да започнете со овие диети заради следните причини:
* Тежина која ќе ја изгубите обично е изгубена вода, а не масти.
* Јадењето помалку го забавува вашиот метаболизам, што го прави потешко согорувањето на мастте
* Овие диети се опасни за срцето, бубрезите, црниот дроб и мозокот.
* Телото ќе започне да ги „јаде“ мускулите бидејќи не прима доволно енергина преку храна
* Намалувањето на исхрана може да има психолошки ефекти и ги прави луѓето понервозни
* По овие диети, луѓето често се прејадуваат
* Овие диети не се трајно решение за губење на килограмите, бидејќи со враќање на нормален начин на исхрана, повеќето повторно се дебелеат.
Ви препорачуваме наместо овие диети, да пронајдете побезбеден начин на исхрана и да вежбате повеќе. поздрава и вежбате повеќе. Ако одлучите да се обидете со една од овие диети, консултирајте се со лекар и нутриционист. Овие диети треба да бидат спроведени под надзор на лекар, за да бидат одбегнати здравствени компликации.