Бред Пит (53), кој неодамна во едно интервју призна дека алкохолот и марихуаната биле неговите најголеми пороци, вели дека веќе некое време работи на тоа да остане чист.
– Не се сеќавам дека поминал ден откако го завршив факултетот, а да не се напијам алкохол или да запалам џоинт. Бев професионален алкохоличар. Можев да пијам вотка со Русин, а тој сигурно ќе завршеше под маса – рекол актерот.
Имено, според странските медиуми, тој редовно оди на терапија и на состаноци со анонимни алкохоличари со цел да го спаси бракот и да ги врати Анџелина Џоли (41) и децата.