Навивачите на турскиот ФК Бешикташ, за кој игра Душко Тошиќ, толку многу сакаат нивниот тим да стане шампион што и’ упатија необична молба на неговата сопруга Јелена Карлеуша. Имено, тие по пат на Твитер, побараа од неа да се воздржи од секс со сопругот во текот на три недели, надевајќи се дека Тошиќ ќе игра подобро. ЈК на сето тоа имаше само краток коментар: OMG.