Веќе две недели медиумите зборуваат за новиот избраник на поп-пејачката Наташа Беквалац, Лука Лазукиќ. Имено, пред два месеца, новосадската барбика се разведе од вториот сопруг Љуба Јовановиќ, а неколку недели подоцна беше фотографирана со новото момче Лука.
Наташа и Љуба во време на среќниот брак
Пејачката „уловена“ со Лука на белградскиот аеродром
Но тука не е крајот на приказната. Како што пренесуваат српските медиуми, Лазукиќ и’ е бивши сопруг на блиска другарка на пејачката, Александра Лазукиќ – Мања.
Имено, Наташа и Александра се дружеле кога биле тинејџерки, заедно излегувале во Нови Сад, а интересно е тоа што секогаш им се допаѓале исти момчиња. Оној кој ќе и’ се допаднел на Мања, и’ бил убав и на Наташа. Така што, ова што се случи со Лука, воопшто не ги изненадува нивните заеднички пријатели, пренесуваат српските портали.