За здрава, убава и негувана кожа многу е важно на крајот на секој ден темелно да го исчистиме нашето лице од пудра, маскара и сета останата шминка. Но исто така е многу важно и што користиме за чистење на лицето, бидејќи козметиката со лош квалитет или истечен рок на траење може исто така да ги затне порите на лицето и да го наруши природниот баланс на кожата.
Не е важно каков вид на кожа имате, чистењето на лицето пред спиење е императив кој секоја жена мора да го почитува. Меѓутоа доколку не сакате да давате пари за скапи и квалитетни производи за чистење на лицето, еве еден рецепт со кој ќе припремите целосно природен, квалитетен отстранувач на шминка кој е добар за сите видови на кожа.
Се што ви треба е маслиново или бадемово масло и сок од лимон. Четири лажици масло промешајте со една лажица сок од лимон. Смесата нанесете ја на памук и со нежни движења отстранете ја целосно шминката од лицето. Освен шминката, со маслото ќе ја отстраните секоја останата нечистотија од лицето, додека сокот од лимон ќе ја нахрани кожата и ќе го спречи настанувањето на пигментациски флеки.