По раскинувањето со Скот Дисик (34), ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (38) слободното време го поминува со Јунес Бенџим (24).
Освен што гордо го покажала младото момче, ријалити ѕвездата шетала во минијатурно бикини со кое ја истакнала својата заднина.
Јунес изгледал среќно покрај славната ријалити ѕвезда, а со нив била и полу-сестрата на Кортни, Кендал Џенер.
Од друга страна, нејзиниот поранешен партнер Скот Дисик, бил виден како разменува нежности на базен во Кан со Бела Торн (19). Многумина помислиле дека младата пејачка го освоила неговото срце, но веќе еден ден подоцна тој бил виден со неговата поранешна девојка.
Имено, тој бил забележан како на истиот тој базен се дружи со стилистката Клои Бартоли (26), а изгледале многу блиски.