
Како да не е доволно што излезе сонцето и што целиот ден можете да го минете со лесна облека на себе, вие сакате да знаете баш се – па и тоа како да се облечете оваа пролет. Што било главна инспирација на модната заедница и што ќе се носи во овие пријатни пролетни денови…
Клучниот збор е комбинација, а се комбинира нешто старо и нешто ново, а за оние најсмелите има уште едно правило – ќе се носи се што сте носеле и минатата пролет, но на малку поинаков начин!
Ако сте љубител на модата од седумдесеттите години и ако по некоја случајност имате некое парче гардероба од тогаш – имате среќа! Погледнете ја нашата галерија и инспирирајте се:
Бела кошула секогаш и секаде!

Бело одело

Фустан-кошула

Макси фустани

Гардероба која наликува на униформа на стјуардеса

Еден број поголем камел мантил

Модерни светли принтови

Панталони со широки ногавици

Геометриски принтови

Сафари стил

Прешивачи на џинс

Широки риги во тегет или црвена боја
