Според српските медиуми, Аца Лукас вчера бил приведен поради сомнеж дека физички го нападнал новинарот М.Л. од Белград.
Наводно Аца Лукас го нападнал со дрвена палка и му нанел телесни повреди во пределот на рацете и стомакот, пишува српски „Ало“.
После сослушувањето, фолкерот бил пуштен на собода, а српските естрадни новинари не успеале да го добијат на телефон за изјава.
Според наводите на српски „Свет“, Аца Лукас тврдел дека тој бил нападнат од новинарот и се жалел на болки во главата, по што му била укажана и лекарска помош.