
Ако го миете правилно лицето, ќе поминете долги години без да имате потреба од ботокс, лифтинг и скапа козметика.
Лицето треба да се мие само со преварена вода со додадена лажичка сода бикарбона и лимонов сок.
Лицето се чисти два пати на ден, наутро и навечер. Дури и во најсовремените домови има микроскопска прашина која се лепи по лицето и порите. Вечерното миење ги отстранува не само прашината и нечистотиите, но и шминката што во никаков случај не смее да остане на лицето до следниот ден.
Пред се треба да знаете каков тип кожа имате – мрсна, нормална сува или комбинирана. Сувата и нормална кожа најдобро е наутро да се мие со преварена вода на собна температура без сапун. Течен сапун може да користите само еднаш неделно, например во денот кога си правите маски и други процедури за разубавување.
Мрсната кожа треба да се мие секој ден со сапун, а навечер се чисти со лосиони и тоник. Добро средство за чистење на мрсната кожа е сокот од пресен домат.
Ако кожата ви е чувствителна најдобро е наутро и навечер да ја миете со чај од камилица или зелен чај. Исто така можете да ја миете со раствор од половина млеко и половина преварена вода.
За сите типови кожа се препорачува следново: правете ледена масажа еднаш неделно. За целта ви треба чај од нане, кој ќе го замрзнете во обичен сад за коцкички. Идеално ја освежува кожата, ја подобрува циркулацијата и тенот.