
Последното рочиште на поранешните љубовници Северина Вучковиќ и Милан Поповиќ, кое се одржа пред месец и пол, му ја врати насмевката на лицето на контроверзниот српски бизнисмен. Имено, поп-пејачката тогаш не се појавила во судот бидејќи отпатувала на турнеја во Америка. Подоцна дознала дека судијата донел привремена мерка според која нејзиниот син Александар (5) една недела ќе живее со неа, а една недела со татка си. Поточно, детето една недела во јули и една недела од август ќе ги помине со неа, а остатокот со татко си.
Судот одлучил Северина 200 дена годишно да не го гледа синот, а додека е со таткото, смее да телефонира еднаш дневно и тоа во 20 часот. Ако задоцни само неколку минути, не може да зборува со него, бидејќи ја прекршува привремената мерка. Нејзиниот адвокатски тим се жалел на оваа одлука од судијата. Се надеваат дека судот до средината на јули ќе ја отфрли привремената мерка.
„Не е вистина дека Северина го загуби старателството. Вистина е дека е донесена мерка што е надвор од сите законски прописи, кои не би ги коментирал“, изјавил менаџерот на пејачката, Томислав Петровиќ.