Северина, според тврдењето на нејзиниот менаџер, Томица Петровиќ, минува низ еден од најтешките моменти во нејзиниот живот поради пресудата нејзиниот син 200 денови годишно да минува со својот татко, поранешниот свршеник на Северина, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ.
„Скршена“ поради оваа одлука на судот, хрватската поп-ѕвезда своите емоции ги искажа со изведба на песната „Успаванка за дечака“ (приспивна песна), која во оригинал ја изведува Ѓорѓе Балашевиќ. А песната е илустрирана со фотографии на мајки од регионот кои се борат за старателство над своите деца.
„Драги мајки и татковци, баби, дедовци, тетки, стрини, стриковци и сите добри луѓе кои доброволно се вклучивте во оваа приказна, сакам да ви се заблагодарам за безусловната поддршка. Благодарам на овие прекрасни фотографии. Благодарам на мојот драг Ѓорѓе за песнава. Не сум Северина, само сум мама“, напиша Севе на својот „Фејсбук“ профил.