Потребни состојки:
- 8 свински кременадли
- 100 гр. Путер
- 1 лажица копар
- 2 лажички сол
- 1 лажичка мелен црн пипер
- 250мл. Вода
- 2 говедски коцки за супа
Припрема:
Во посебен сад ставете го копарот, солта и црниот пипер и промешајте ги зачините. Кременадлите измијте ги и отстратене им ја маснотијата. Потоа со рака втријте ги зачините врз кременадлите.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи. Пропржете ги кременадлите од двете страни, околу 5 минути за секоја страна.
Во посебно тенџере на оган ставете вода и коцките за супа и оставете да се сварат. Вака сварената супа додајте ја во тавата со кременадли. Намалете ја температурата на тивко и оставете ги кременадлите да се динстаат околу 45 минути.
Ставете ги кременадлите на чинија за сервирање и дополнете ги со гарнир по избор. Врз кременадлите и гарнирот посипете од сосот во кој се динсташе месото. Добар апетит!