Секс со бившиот? Да, полезно е!

popara21 јуни, 20171min00
6

Темата за секс со бившиот/та е табу, бидејќи според општествените норми, штом веќе сте се разделиле и се помеѓу вас завршило, секој продолжува по својот пат. Сексот со него/неа може уште повеќе да ве збуни и да направи хаос во чувствата и мислите па да се најдете во ситуација на длабоко премислување и двоумење – трбаше ли да се разделиме?

Всушност тоа и не е така лошо, како што се мисли. Сепак сте биле заедно, знаете многу добро каде и како сакате да се допирате и си одговарате како карактери и темперамент, барем во љубовната игра.

Ако ви е тешко да продолжите со својот живот после разделбата или развод, точно сексот со бившиот може да ги изјасни вашите погледи за иднина. Важно е и на двајцата да ви биде јасно, дека станува збор едноставно само за секс, без емоции.

Сексуалното задоволство ќе помогне да се чувствувате посреќна и самоуверена, дека можете и имате контрола над својот живот. Продолжете да го барате мажот на својот живот, но не се казнувајте и осудувајте на непотребната и дури штетна сексуална апстиненција.

Сексот со бившиот/та може да ви донесе нови сили за да ја продолжите потрагата по вистинскиот, но не заборавајте на старата поговорка: „Каде што горело, пак ќе гори!“. внимавајте да не се разгори жарот повторно…Можеби пак тоа и нема да биде така лошо, ако така ви било судено…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag