Нискиот коефициент на интелигенција е еден од знаците кои недвосмислено покажуваат за тоа каков е ризикот од појава на срцеви болести. Во споредба со останатите фактори ова го има второто место веднаш после пушењето, а дури потоа доаѓаат високиот притисок, недоволна физичка активност, што е научно докажано во истражувањето финансирано од британскиот Совет за медицински нови истражувања. Д-р Дејвид Бати, објаснува дека луѓето со низок коефициент на интелигенција помалку се придржуваат кон правилата за здрав начин на живот, а и се принудени да се справуваат со проблеми, кои покасно се одразуваат и на интелектот и на здравјето.
Претходно, во 2009 година во едно друго истражување во Шведска беше докажана повторно врската меѓу интелегенцијата и добрата физичка кондиција. Нивните експерименти покажале дека луѓето во добра физичка состојба по ретко заболуваат од група болести и истите имаат повисоки вредности на IQ тестот.