Бидејќи за убав тен е неопходно редовно и темелно чистење, оваа маска е вистински благодет. Покрај тоа што ги отстранува трагите од шминка и прашина, таа и дава и свежина на вашата кожа. Доволно причини за веднаш да ја пробате!
Ставете во блендер измиени и неизлупени краставица и компир. Блендирајте околу 20 секунди, па во смесата додадете лажичка сода бикарбона, јајце и една четвртина чаша јогурт.
Лицето навлажнете го со топла вода и на него со врвот на пешкирот со кружни движења нанесете ја смесата. Измијте со млака вода и ставете крема на лицето.
Остатокот од средството можете да го чувате во фрижидер, најдолго еден ден.