Александар Милиќ Мили и Цеца Ражнатовиќ веќе неколку години не соработуваат, и иако се претпоставуваше дека го прекинале секој контакт и двајцата, тоа го негираа.
Како што Мили вели, тој е тој кој одлучил да стави точка на соработката со Цеца, а како причина наведе дека не е сигурен дека таа работа би ја работел со иста желба која ја имал и претходно.
Инаку, Мили за Цеца направи преку 60 песни. Нивниот однос варираше од добаро до лош, а пред седум години едно негово интервју привлече големо внимание.
„Ушче е најголемата домашна задача за пејачите и на него излегуваат само оние кои за тоа се достојни. Би сакал да Брена запее на ова место и сигурен сум дека може да донесе повеќе луѓе отколку Цеца. Мислам дека Цеца и јас доволно работевме заедно, таа отпеа 60 мои песни. Сметам дека за неа и за мене подобро е повеќе да не се повторуваме. Се посветив на „Милиграм“, тука е и кариерата на Брена, па не верувам дека би можел да се занимавам и со Цеца. Најголемата ѕвезда на Балканот сепак е песна, затоа што само таа останува“, изјави Мили кој во тоа време работел со Брена.
https://www.youtube.com/watch?v=FOle4iXgQLA