
Потребни состојки:
600 гр. шлаг
900 мл. кисела вода
300 гр. мелена плазма
300 гр. бисквити
100 гр. ореви или лешници
50 гр. чоколадо за готвење
Припрема:
Изматете го шлагот со кисела вода и поделете го на три дела. Во еден дел додајте ја мелената плазма, а во другиот 2/3 од бисквитите кои претходно сте ги сомлеле. Во третиот дел додадете мелени ореви или лешници по желба.
Во посебен сад за торта наредете ред бисквити потопени во млеко, па ред од првиот фил, па ред бисквити па вториот фил, па ред бисквити па третиот фил. Одозгора премачкајте ја тортата со топено чоколадо.
Тортата оставете ја во фрижидер да отстои барем три часа пред да ја послужите. Добар апетит.