Овој начин за исправување на косата е идеален за оние кои имаат прекршена, брановидна, густа коса. Наместо да губите часови со пеглата и фенот, земете ги сите ластичиња кои ги имате.
Потоа следете ја оваа постапка:
1. Измијте ја косата на вообичаен начин. Потребно е да биде влажна за исправувањето да успее.
2. Косата благо исушете ја, а коренот би требало да биде целосно сув.
3. Земете неколку ластичиња. Наш совет е да бидат меки за да не ви остават траги на косата.
4. Ако имате густа коса поделете ја на половина.
5. Потоа врзете ниско опавче со едно ластиче. Продолжете да редите ластичиња на опавчето на секои 5-10cm додека не стигнете до самиот крај на косата. Не претерувајте со сегање.
6. Преспијте со вака собрана коса, а може и да ја исушите со фен наместо да легнувате со мокри прамени.
7. Наутро кога ќе ги извадите ластичињата, косата ќе биде целосно исправена.