Летниот светски хит „Despacito“ дефинитивно ги сруши сите рекорди на слушаност, се врти на сите забави и сите радија низ светот, а спотот има преку 2 милијарди прегледи на Youtube.
Во спотот на песната Луис Фонси и Деди Јенки се во друштво на атрактивна бринета која танцува и заведува со нејзиното згодно тело. Името на оваа девојка е Зулејка Ривера.
Зулејка има 29 години и потекнува од Порторико. Се занимава со манекенство, а исто така е водителка и танчерка.
Зулејка е во долгогодишна врска со кошаркарот Хозе Хуан Бареа со кој заедно го имаат петгодишниот син Себастијан.