
Српските медиуми на големо информираат дека зад забележливо освежениот изглед на поп-пејачката Гоца Тржан стојат вештите раце на пластичниот хирург на една приватна белградска клиника. Имено, пејачката не „легнала под нож“, туку ги зголемила јаболчните коски на лицето со инјекции хијалурон. Резултатот е затегната и блескава кожа на нејзиното лице.
