Не треба да набројуваме зошто луѓето во 21 век се под стрес.
Малото количество стрес е добра за нас, таа ни дава енергија и не прави свесни за проблемите кои ни се случуваат во животот. Но со оглед на тоа дека луѓето секојдневно се се повеќе под стрес, важно е да научиме како да го контролираме.
Големиот стрес може да предизвика здравствени проблеми, од срцеви заболувања, депресии, акни, тегоби итн…
За среќа постојат бројни трикови и активности кои може да ги направите за да го намалите стресот кој секојдневно го доживувате, еве неколку од нив:
- Прошетајте го вашиот миленик, прошетката секогаш добро влијае.
- Смеј те се, дружете се со позитивни лица.
- Земете лопата и семе, доколку имате двор, секогаш можете да засадите нешто ново, а доколку живеете во стан направете го тоа во саксии.
- Читајте книги, истражувањата покажале дека само 6 минути поминати во читање го намалува секојдневниот стрес.
- Јадете чоколадо, особено темна која е добра за срцето.
- Трчање, е една од физичките активности која најдобро го намалува стресот.