Сакате лице без брчки? Пробајте ја маската од орев!

popara11 јули, 20171min00
4

Уште една вкусна и многу ефективна маска. Оваа маска можете да ја нанесете на лицето но исто така може и да се јаде. И во двата случаи е многу ефективна и полезна за вашата кожа бидејќи ја третирате кожата и внатрешно и надворешно, што всушност е најдобриот начин за здрава и млада кожа.

Потребни намирници за приготвување на маската се еден орев, ½ авокадо, една лажица павлака, гриз или пченично брашно и една лажица мед. Авокадото и оревот се обработуваат во блендер до добивање на хомогена смеса. Потоа се додаваат и останатите намирници и повторно се меша. Нанесете ја маската на чисто и влажно лице, врат и деколте. Оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маската со орев е наменета за редукција на брчките па поради тоа се препорачува интензивен третман што значи апликација на маската 3-4 пати неделно во продолжение од еден месец. Процедурата се повторува на секои два месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *