Прекрасна приказна: Ја вратил насмевката на лицето на својата болна сопруга

popara13 јули, 20171min00
1

Луѓето прават неверојатни работи во име на љубовта, но тоа што го направил овој човек за својата сопруга навистина остава без здив.

Тушујуки Куроги од Јапонија направил прекрасна работа, со цел на својата слепа сопруга да и ја врати насмевката на лицето.

Тој и неговата сопруга Јасуко се во брак 30 години. Таа се разболела од дијабетес и како резултат на болеста го изгубила видот, а со текот на времето станала депресивна, бидејќи со својот сопруг планирала да патува кога и двајцата ќе бидат во пензија.

За да ја развесели својата сопруга, Тушујуки одлучил од нивниот дом да направи вистинска туристичка атракција. Од нивниот двор направил голем тепих од розови цвеќиња.

Дворот со илјадници цвеќиња овој човек го уредувал дури две години.

Денес нивниот двор го посетуваат туристи од различни краеви на светот, а Тушујуки успеал да ја врати насмевката на лицето на својата сопруга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag