Во љубовта е потребно да имате само три желби, бидејќи така, статистички, е полесно да си најдете партнер, тврди Тај Таширо, професор на Универзитетот во Мериленд.
Како и Аладин, треба да издвоите три најважни атрибути кои идеалната личност мора да ги има.
На пример, да биде убава, интелигентна и забавна, но не може да се бара да биде и богата, бидејќи постои голема веројатност дека таква личност никогаш нема да пронајдеме.
Американскиот експерт смета дека нашиот пристап за идеална личност е погрешен и апелира до самците во потрагата по саканата личност да се фокусираат на најважното.
Во својата книга „Наука за вечна среќа“, тој објаснува дека „традиционалниот пристап води кон тоа дека наместо врапче во рака, посакуваме гулаб на гранка“.
„Сакаме се, а остануваме без ништо“, вели Таширо, истакнувајќи дека е неопходно на го промениме начинот на кој си бараме партнер.
Основно, според него, е да не се „расфрламе со желбите“. Доволно е да се издвојат три желби т.е. карактеристики кои би сакале да ги најдеме кај другиот.
Запрашан на кои квалитети им дава предност, Таширо вели дека тоа секако не се убавината и богатството, бидејќи тие не се гаранција за среќа во љубовта.
Подобро е, смета тој, да посакате „симпатична“, „добра“ личност со „смисла за хумор“.