Тест за интимност: Какви сте во сексот?

popara17 јули, 20171min00
5

Големи се шансите да знаете какви сте како работник, пријателка и емотивен партнер. Но дали некогаш сте размислувале или сте утврдиле каков сексуален партнер сте…

Вие сте авантурист ако…

  1. За вас сексот е возбуда од непознатото, големо истражување, изненадување и потрага по луди места за водење љубов. Вашето мото гласи: креветот и класичните техники се за стари луѓе без фантазија!
  2. Никогаш не се двоумите да го направите првиот чекор, дури ни со нов партнер.
  3. Ги испробавте сите техники и пози, вклучувајќи ги и оние полуакробатските.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Доколку сте во врска со маж со кој ги делите ставовите и желбите, тогаш веројатно уживате во возбудлив секс. Меѓутоа, ако игрите во јавноста претставуваат единствен облик на ваша интимност, тогаш би требало да ги анализирате своите мотиви. Разновидноста е одлична – стимулира продукција на адреналин. Меѓутоа важен е и емотивниот, интимен секс, бидејќи додека се развива врската, нескротливоста не е секогаш возможна. Ако секогаш вие иницирате секс, дозволете му на партнерот да го направи првиот чекор и да го диктира ритамот на играта. Или ако сте навикнати гласно да го искажувате незадоволството за време на сексот, обидете се, за промена, да не пуштите ни глас! Ќе ви биде тешко, но секси.

Вие сте непоправлив романтик ако…

  1. Спалната соба ви е полна со миризливи свеќи и масла, завеси од тантела и можеби со премногу детали!
  2. Идејата да водите љубов на јавно место за вас претставува кошмар.
  3. Избравте дестинација за меден месец пред да го запознаете партнерот со кој ќе одите.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Постојат начини да уживате во сексот што не подразбираат инсталирање на посебно осветлување и планирање многубројни детали за создавање сексуално расположение. Обидете се барем еднаш да се ослободите од сите „помагала“ и да примените едноставен потег, како што е директен контакт со очите. Тоа гарантирано ќе ви создаде чувство на поголема блискост со партнерот. Кога сме веќе кај тоа, за мажите не постои поголема мотивација – сексот е пресуден за тој да ја искаже скриената „помека“ страна. По некоја свеќа или затемнето светло можат да бидат увертира во љубовната игра, но знајте дека само вие двајца, заради она што го правите, а не заради специфичното опкружување, сте најважните актери во љубовната игра.

Вие сте вистински срамежливко ако…

  1. Премногу се срамите да ја споделите скриената сексуална фантазија – дури и со мажот што го сакате.
  2. Сметате дека еротските сцени во филмовите се невкусни и претерани.
  3. Се разболувате од загриженост и од размислување доколку тој не постигне оргазам.

Како да си го подобрите сексуалниот живот:

Никој не вели дека треба да изведувате стриптиз во спалната соба, ниту пак да врескате како порно-ѕвезда. Сепак препуштете му се на задоволството – со некој што го сакате и кому му верувате – бидејќи тоа е она вистинското. Веројатно се прашувате која е смислата да се однесувате спротивно на сопствениот карактер? Па вашиот партнер ќе стекне подобар увид во она што ви се допаѓа и што го сакате, а вие ќе го добиете токму она што ви одговара. Почнете со реченицата: „Ми годи кога ти (пополнете го празниот простор)“, а потоа исполните една од своите скриени фантазии. Оживувањето на фантазијата за време на секс ослободува од блокади и – релаксира. Сексот ќе биде подобар и за него, а вашите јасни идникации дека уживате ќе ви донесат поголема сигурност и на двајцата. Уживајте!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag