Не е тајна дека жените се вешти во љубовните игри, а новата студија покажува како на понежниот пол тоа му успева. Психолозите сметаат дека жените уште на почетокот на врската свесно почнуваат да влечат одредени потези со цел да го заинтригираат партнерот, па така не се јавуваат на телефон или го одлагаат состанокот за да излезат со пријателките.
Поголемиот број од припадниците на посилниот пол, кои учествувале во оваа студија, смета дека жените непотребно ги комплицираат работите и прават проблеми таму каде што ги нема, за да видат до каде можат да одат во врската.
Мажите тврдат дека дамите, многу често прават нешто плански со цел да ја видат нивната реакција и да знаат како да се однесуваат во иднина во одредена ситуација.
Резултатаите од истражувањето во САД покажале дека жените повеќе сакаат да ја “играат” играта на чекање, кога намерно ќе закаснат на состанок, како и тоа дека се претставуваат како недопирливи и да им дадат до знаење на мажите дека не можат лесно да ги имаат.
Анкетите покажаа дека жените после 30та најчесто играат на картата изглед и го користат како адут во заведувањето, и “спонтано” го прашуваат партнерот како им стои некој фустан сакајќи да му го свртат вниманието кон своето убаво тело, декоте или нозе.
Сепак, според мислењето на посилниот пол, омилената љубовна игра на повеќето жени е да се преправаат дека се слаби, немоќни, неспособни, па секогаш им е потребна помош од партнерот или неговото присуство.
Јасно е дека можат без асистенција да убијат инсект, да отпатуваат некаде, или да заменат сијалица, но дамите така му покажуваат на партнерот колку им е потребен и дека без него не можат да функционираат.