Зошто е важен тоникот ?
7 август, 20170
За да и обезбедите на кожата максимум и да и пружите најдобар ефект на маска, крема, серум, неопходно е добро да ја исчистите. Еден од важните производи во чистење е тоник кој треба да се нанесува наутро и навечер. Постојат повеќе причини зошто е важен во секојдневите третмани.
*Тоникот првенствено совршено ја хидрира кожата на лицето и ја прави мека, а посебно и одговара на сувото лице.
*Овој производ делува антибактериски така што спречува воспаление, иритација и алергија.
*Многу е ефективен и како подлога за крема, серуми и останати производи , бидејќи ја чисти кожата и овозможува високо квалитетни состојки од овие производи кои максимално делуваат.