Роман Абрамович се разведе и од третата сопруга

popara9 август, 20171min00
2

Рускиот олигарх Роман Абрамович, сопственик на англискиот фудбалски клуб „Челзи“ се разведе од својата трета сопруга, Даша Жукова, јавува њујоршкиот весник „Њујорк Пост“.

Во заедничка изјава, пласирана на страниците на овој весник, се вели дека по десет години заедничко живеење донеле „тешка одлука“ да се разделат, но дека и натаму ќе останат блиски пријатели, родители и партнери во заедничките проекти.

– Заеднички ќе работиме како коосновачи на музејот за современа уметност „Гараж“ во Москва, како и во Културниот центар „Островот Нова Холандија“ во Сент Петерсбург- се вели во заедничкото соопштение.

Абрамович и Жукова, која е 15 години помлада, се запознаа во 2005 година, додека тој беше во брак, а пред нешто повеќе од девет години тајно се венчаа.

Се веруваше дека Жукова е девојка на Абрамович се додека во 2015 година, таа во едно интервју не откри дека тие двајцата, всушност, се маж и жена. Имаат две деца- син и ќерка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag