Летна фризура за оние кои не се вешти со рацете: Јастог плетенка

popara14 август, 20171min00
14

Рибината коска е една од најпопуларните фризури која е фаворит на сите генерации. Но, оваа вечна фризура досегна нова, модерна верзија и таа веднаш стана хит.

Ако сакате да го испробате новиот тренд, не мора да одите на фризер бидејќи во само неколку минути можете сами да ја направите.

Потребно ви е:

  • чешел за тапирање
  • штипки за коса
  • шноли
  • ластици за коса
  • лак за коса


Постапка:

1. Исчешлајте ја косата, истапирајте го профилот и префрлете ја на една страна.

2. Ако имате шишки префрлете ги на другата страна и пуштете ги пократките прамени слободно да паѓаат на лицето.

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-1.jpg

3. Поделете ја косата на 2 дела: преден, помал дел со коса која паѓа на лицето и заден, поголем дел со тилот на главата.

4. Поделете го задниот дел на 3 прамени и намотајте го секој од нив. Привремено прицврстете со шнола за да не се одмота.

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-2.jpg

5. Предниот, помал дел поделете го на 2 дела. Секој дел прво одделно смотајте го, а потоа и меѓусебно за да добиете еден дебел завиткан прамен.

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-3.jpg

6. И задниот дел замотајте го во еден прамен. Потоа, предниот и задниот дел завиткајте ги еден околу друг и со фуркети прицврстете ја косата зад ушите т.е. на долниот дел од главата и хоризонтално пикнете го во плетенката.

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-4.jpg

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-5.jpg

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-6.jpg

7. За крај, завршетокот прицврстете го со ластик за коса и испрскајте ја плетенката со лак и наместете по желба.

letna-frizura-za-onie-koi-ne-se-vesti-so-racete-jastog-pletenka-7.jpg

Совет плус: Ако не сте вешти со плетење на косата, тогаш завитканите преден и заден дел одделно врзете ги со ластик кај коренот и потоа мотајте ги заедно. Кога ќе ја сплетете косата, пресечете ги двете ластичиња за коса со помош на ножици.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag