Исончаната кожа навистина изгледа убаво, но треба да сте свесни за фактите дека прекумерното изложување на сончевите зраци е опасно. Чадорот за сонце и препаратите со висок заштитен фактор може да ве заштитат, но понекогаш и покрај тоа може да изгорите. Ако на дофат немате соодветен крем која ќе ви помогне да се ублажат тегобите како црвенилото, болка и пецкање, направете домашен лосион кој ќе ви ги реши маките.
Каша од камилица
Прелејте 50гр. мелена камилица со 3 дл. превриено млеко, и процедете. Посебно потопете 50гр. ленено семе во 2 дл. млеко и оставете да одстои три часа. Помешајте ги двете смеси и нанесете на болните места.
Масло од кантарион
Три лажици сушен цвет од кантарион прелејте со 2 дл. маслиново масло, оставете да одстои 10 дена во добро затворен стаклен сад. Добиениот екстракт процедете го низ газа и нанесувајте на изгоретините на кожата.
Лосион од краставица
Изрендајте една поголема краставица, и исцедете го сокот. Додајте ¼ шолја глицерин, ¼ шолја рушина водичка и се добро промешајте. Нанесувајте на кожата три пати дневно.
Купка од житарки
Наполнете ја кадата, па во неа додајте три шолји житна каша, пола шолја сода бикарбона, една шолја суви цветови од камилица. Ако сакате сите состојки може да ги замотате во газа и да ја закачите под славината водата директно да тече на неа.
Тинктура од лаванда
Помешајте 60 мл. дестилирана вода девет капки етерично масло од лаванда и две капки етерично масло од нане. Потопете памук во оваа тинктура, па нежно поминувајте на изгорената кожа.
Совети
-Премачкајте ја кожата со јаболков оцет
– Кругови ладна краставица, јаболко или компир ставете дирекно на изгоретината.
– Помешајте 300 гр. млеко во прав, две лажички сол и 7 дл. вода. Натопете ткаенина во оваа течност, ставете ја на изгоретината и оставете да стои 20 минути.