Дали сте се запрашале колку во денешно време ги чини неверството и дали мажите се воопшто свесни?
Постојат мажи кои откако ќе изневерат не одат кај љубовницата туку се враќаат кај изневерената партнерка и молат за прошка. Оние храбрите и силните никогаш нема да ви простат, ни па некогаш ќе ви се јават. Оние другите можеби и ќе ви простат, но сигурно никогаш нема да заборават и…
Значи ајде да видиме конкретно колку ќе ве чини неверството? Дефинитивно тоа ќе биде најскапиот излет на кој некогаш сте биле.
- Заборави на својата приватност. Оној момент кога си решил да ја изневериш си се одрекол од телефонот на тивок режим, шифрите за Фејсбук, нејавување додека си излезен, можеби и од илзлегување со другарите и слично.
- Во секоја расправија ќе слушаш за жената со која си ја изневерил. Дали тоа било пред две недели или две години, сеедно.
- Никогаш повеќе нема да биде исто. Можеби до сега си бил тестиран како глушец во лабораторија, но од сега па понатака ќе бидеш тестиран како нуклеарка.
- Работите кои до вчера не си сакал да ги правиш, сега ќе мораш, без приговор. Нема повеќе луксузи како заборавање 8-ми Март, годишница, Денот на вљубените и сл.
- Би лажеле ако кажеме дека неверството нема и финансиски скапо да те чини. Кога би можел твојот новчаник би заплакал, но од мака.