Лесните обувки од плетен коноп или од платно, кои првпат биле направени во Шпанија во 13-от век, а кои денес се познати како еспадрили, по долгото избегнување, повторно се на листата на модните трендови.
Францускиот моден креатор Ив Сен Лоран ги внесе во модата пред повеќе од половина век, а набрзо станаа омилени и меѓу ѕвездите, како Софија Лорен, Грејс Кели, па и меѓу познатите сликари – Пабло Пикасо и Салвадор Дали.
Минатото лето доживеаја големо враќање во модниот свет, а оваа сезона можат да се видат во колекциите на познатите модни куќи, како „Шанел“ и „ГАП“.
Многумина ги сакаат бидејќи се удобни за носење и можат да се комбинираат со разни парчиња гардероба. Затоа, време е своите еспадрили да ги извадите од шкафчето или да тргнете во потрага по нов интересен чифт.