Јахта на тркала

popara23 август, 20171min00
Јахта на тркала

Mercedes уште еднаш на вистински начин го искористи името Maybach, овој пат за суперлуксузниот кабриолет кој во себе ги спојува ретро и футуристичкиот стил.

По минатогодишниот Mercedes-Maybach 6 Coupe, германскиот производител повторно заблеска на традиционалниот „Конкурс за елеганција“ кој се одржува секој август на обалата на Калифорнија.

На манифестацијата на која сите кои нешто значaт во светот на луксузните автомобили се обидуваат со своите возила да го воодушеват светот, Mercedes-Maybach 6 Cabriolet тoа го прави со стил.

Овој автомобил, кој за жал е само уште еден концепт, покажува како би требало да изгледа вистинскиот Maybach кој некогаш беше меѓу најлуксузните авто-брендови во светот.

Дизајнот на надворешноста делумно е инспириран од наутиката и луксузните јахти и го претставува духот на минатото, помешан со современи технолошки решенија.

Mercedes-Maybach 6 Cabriolet е поставен на специјални тркала со дијаметар од 24 инчи, кои се прицврстени во една, централна точка.

Како контраст на темно силната металик каросерија, тука е белиот платнен покрив и внатрешноста во светли тонови.

Ентериерот е футуристички, со луксузната Nappa кожа, проѕирна централна конзола меѓу седиштата и амбиентално LED осветлување, додека подот е прекриен со скапоцено дрво, со што се потврдува наутичката симболика.

Иако во кабината се присутни и некои ретко елементи, како класичните округли инструменти, на кокпитот сепак доминира дисплејот кој се простира по цела ширина на контролната табла.

Додека дизајнерски автомобилот е завртен повеќе кон минатото, кога станува збор за погонскиот систем, тој е завртен кон иднината.

Mercedes-Maybach 6 Cabriolet е опремен со 4 електромотори со комбинирана сила од 750 КС (550kW).

Секој од нив придвижува по едно тркало, а автомобилот од 0 до 100 км/ч забрзува за помалку од 4 секунди, пред стрелката да запре на електронски ограничените 250 км/ч.

Електричнта енергија е складирана во батерии кои се наоѓаат на подот на возилото и кои овозможуваат автономија во возењето до 500 км, а предвидена е и опција за брз полнач кој за 5 минути полнење обезбедува дополнителни 100 км возење.

Извор: denar.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag