Потребни намирници:
900 гр. брашно
500 мл. млеко
3 лажици шеќер
1 лажица сол
3 лажици павлака или кисело млеко
3 лажици зејтин
3 жолчки
1 коцка свеж квасец
200 гр. маргарин + 50 гр. за премачкување на плехот
За премачкување
1 јајце
Подготовка
Растопете го квасецот во малку млеко (млако), додадете малку шеќер и брашно и оставете да надојде.
Во еден длабок сад просејте го брашното, додадете го шеќерот, солта, павлаката, зејтинот и жолчките. Откако квасецот ќе стаса, додадете го и него во брашното и со постепено додавање на млеко замесете меко и мазно тесто кое нема да се лепи за рацете.
Поделете го веднаш тестото на пет дела. Од секој дел се сука округла кора голема колку тањирче за торта. Првата кора премачкајте ја убаво со маргарин (40 гр.). Врз неа ставете ја другата кора и неа премачкајте ја со маргарин. Повторете ја постапката со сите кори.
Ги редите една врз друга и ги премачкувате со маргарин, се до последната (неа не ја мачкате со маргарин). Веднаш расукајте кора дебела околу 5мм. Кората ќе биде голема, затоа препорачливо е да работите на поголема маса. Сечете ја кората како за кифли, за поголеми кроасани на 8 дела, за помали на 12 или 16 дела.
Плехот подмачкајте го со мрагарин и во него редете ги кроасаните. Оставете ги така околу 1 1/2 убаво да стасаат и омекнат, па потоа премачкајте ги со јајце. Се печат на 180° додека не поруменат.
Рецептата е за празни кроасани но ако сакате можете да ги пополните со мармалад, сирење, крем…