Парис Џексон, 19-годишната манекенка и актерка, денеска напиша трогателна порака до Мајкл Џексон, на денот кога тој би го прославил својот 59. роденден.
„Роденденска честитка за љубовта на мојот живот, единствената личност што ми покажа што е вистинска страст, човекот што ме научи да живеам според вистински морални вредности и кој ми покажа како да сонувам“, напиша таа и додаде: „Никогаш веќе нема да чувствувам љубов како таа кон тебе. Секогаш си покрај мене и јас сум секогаш покрај тебе. Со целото свое битие знам дека сме едно. Нашите души никогаш нема да се сменат. Ти благодарам за магијата, засекогаш и до вечноста“.