
По многуте нудистички фотосесии Ким Кардашијан посака да се трансформира во прва дама на Америка. Сепак, не во било која, туку во Џеки Кенеди.
Иако стилот на Ким и Џеки драстично се разликува, реалити ѕвездата се врати во 60-тите благодарение на ретро фризурата, облеката и бисерните обетки.
Фотосесијата, дело на Стивен Клајн, е објавена во новото издание на Interview Magazine и е прва фотосесија за насловна страна на 4 –годишната Норт, која заедно со Ким се појавува на фотографиите.

