
Матичните клетки се основна врста на клетки кои се со текот на развојот на ембрионот се развиваат во клетки од сите видови, од клетки на кожата, срцевиот мускул, крвни зрнца и други ткива. Понатака во животот овие клетки можат да излечат тешки заболувања и да зараснат тешки оштетувања на ткивата. Најголема концентрација на матични клетки кај возрасните луѓе се наоѓа во коскената срж и во крвта. Па затоа најчесто се земаат од папочната врвца и коскената срж. Постапката на земање матични клетки од папоча врвца, се прави на самиот пораѓај и е безболна постапка. Крвта понатаму се праќа на бројни анализи и испитувања, и доколку е сé во ред, се праќаат во Банка за матични клетки. Со овие клетки се лечат над 75 болести, а меѓу нив и леукемија, малигни процеси, шеќерни болести и многу други заболувања.