Дека кората од портокал е магична веќе знаеме, но дали сте знаеле дека од неа можете да направите и прекрасна ароматична свеќа? И тоа без восок, со состојки кои веројатно ги имате дома.
Имено, свеќите од портокал и маслиново масло не само што се преубави, декоративни и мирисни, туку може да бидат и многу корисни во моменти кога нема струја, а крај себе нема свеќа.
На видеото во прилог погледнете како да направите свеќа од кора од портокал и маслиново масло.