Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај намалувањето на килограмите, и до промена на метаболизамот па затоа изгубените килограми не се враќаат.
Диетета трае 90 дена. Ако е потребно да се изгубат помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш не доаѓа до промена на метаболизамот. УН диетата секогаш почнува со протеински ден, потоа следува ден на скробот, па ден на јаглени хидрати, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА!
ДЕН 1: ПРОТЕИНИ
ПОЈАДОК: За појадок во сите 90 дена се јаде само овошје. Се јадат по две исти овошја или еден грст суво овошје.
РУЧЕК: Месо, варено или печено (250гр.) или 3 варени јајца, едно парче леб, салата во неограничени количини. Супа без тестенини.
Овој ден може да се јаде сирење или млеко, но во тој случај на месото, односно на јајцата треба да им се преполови количината.
ВЕЧЕРА: Истото од ручекот, но без супата и лебот. Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо.
ДЕН 2: СКРОБ
РУЧЕК: Грав, грашок, леќа, ориз или компир. Треба да биде варено и единствено зачинето со сол, вегета, бибер, кечап или варен домат. Едно парче леб и салата.
ВЕЧЕРА: Вечерата исто како ручекот, но пола доза и без леб.
ДЕН 3: ЈАГЛЕХИДРАТИ
РУЧЕК: Варени тестенини зачинети со кечап, или пак пица со кечап, а може и бело печиво (пример 3 кифли).
ВЕЧЕРА: Две тенки парчиња торта, или три-четири колачиња, или пак три-четири топчиња сладолед. Задолжително е еден ред чоколада за готвење.
ДЕН 4: ОВОШЈЕ
РУЧЕК и ВЕЧЕРА: Мешано овошје, колку што сакате. Може и зеленчук/салата.
ПОЈАСНУВАЊЕ: После циклусот од 7×4 дена, односно 29-тиот ден се држи воден ден (три пати во текот на диетата). Се пие само вода и евентуално може да додадете и чај, но без шеќер. После овошниот и водениот ден се продолжува со протеинскиот ден.
Кафе и чај може да пиете но без шеќер. Соковите сведете ги на минимум.
Се што е наведено треба да се јаде бидејќи има своја улога во организмот.
Овошјето е задолжително да се јаде наутро бидејќи најбрзо ќе му даде енергија на организмот, а црната чоколада во третиот ден го штити организмот од можни алергии.
Мора да бидете доследни и упорни.
ЗАБЕЛЕШКА: Може да се случи првите 10 дена да не дојде до намалување на килограмите, но потоа нагло ќе изгубите 3-4 килограми.
После 90 дена диета уште 90 дена за појадок се јаде само овошје, додека со ручекот и
вечерата се враќате по стариот начин на исхрана. Во тој период треба да изгубите уште 3 килограми што е показател за промената на метаболизмот. Доколку не сте задоволни од постигнатата тежина истата диета може да ја повторите, но после 3 месеци.
2 comments
Silvana
23 април, 2019 at 21:48
Dietata ja pravam tri dena i ne custvuvam glad
kostadinka dimitrovska
3 јануари, 2019 at 20:46
Procitaj