Адвокатот Милјкан Карличиќ вели дека Аца Лукас поднел кривична пријава против Соња, на која како што вели и подарил многу повеќе од куќата од 700.000 евра.
Аца Лукас пред неколку дена поднел кривична пријава против неговата поранешна сопруга, за емоционално злоставување на ќерката Викторија, и барал да се донесе, привремена мерка за забрана за носење на Викторија надвор од Србија, без пишана согласност од таткото!
Ова засега го потврди и адвокатот на Лукас, Милјкан Карличиќ, кој како што вели Лукас во моментов ја чека реакцијата од надлежните органи.
„Господин Вуксановиќ сега е концентиран на епилогот на кривичните пријави за емоционално злоставување на малата Викторија и исходот за предлог за носење на привремена мерка и забрана за изведување на малата Викторија надвор од Србија без пишана согласност на таткото. Во таа насока се чека реакцијата на обвинителството, полицијата и Центарот за социјална работа“, вели Милјкан.
Инаку, како што објави Српски телеграф, Соња наводно од Аца на месечно ниво барала 500 евра за дадилка, 300 евра за обезбедување, 180 евра за превоз, 1000 евра за месечни потреби, 350 евра за здравствено осигурување, 2890 евра за школарина.
Но, овие наводи адвокатот на Аца Лукас не сакаше да ги коментира.
„Вистината е дека Александар веќе и подарил луќа, локали, автомобили и фирма на Соња, но не сака да премине на исполнување и на останатите барања кој Соња ги имаше“, истакна Карличиќ.