Состојки:
За кората:
300 г бисквити
50 г ореви
150 г путер, стопен
1 лажичка екстракт од ванила
За филот:
700 г крем-сирење, омекнато
300 г шеќер
1 и пол лажичка екстракт од ванила
4 јајца
100 г кисела павлака
За преливот:
500 г капини
200 г шеќер
50 мл вода
2 лажици пченкарно брашно
4 лажици вода
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. На дното на рерната ставете тава полна со врела вода.
За кората: обложете ја тавата за печење (20х30 см) со алуминиумска фолија и попрскајте ја со малку стопен путер.
Во блендер смелете ги бисквитите и оревите додека да добиете најситни трошки. Додајте им го стопениот путер и повторно мелете. Додајте ја ванилата.
Префрлете ги трошките во подготвената тава и со чаша со рамно дно убаво израмнете го слојот. Оставете ја на страна.
Изматете ги крем-сирењето, шеќерот и ванилата додека да добиете мазна смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно, матејќи по секое додавање. Додајте ја павлаката и матете додека да се спојат.
Истурете го филот врз кората и израмнете ја површината. Печете 45 минути, а потоа исклучете ја рерната и не отворајќи ја вратата, оставете го колачот во рерна уште 10 минути. Потоа отворете ја вратата до половина и оставете го колачот во рерна уште 10 минути. Извадете го колачот и оставете целосно да се олади.
За преливот: ставете ги капините, шеќерот и водата во тенџере. Зовријте ги и гответе додека смесата да згусне, околу 4-5 минути. Во мал сад измешајте го пченкарното брашно со 4 лажици вода за да се направи кашеста смеса, а потоа додајте ја кај капините и измешајте. Нека се вари уште 1-2 минути, а потоа исклучете ја ринглата и оставете да се олади.
Прелејте ја смесата од капини врз колачот и ставете го во фрижидер за да се олади и да зацврсне, најмалку 2 часа. Кога ќе биде готов за служење, отстранете го колачот од тавата со кревање на рабовите на фолијата. Одлупете ја фолијата и со долг назабен нож исечете го колачот на коцки. Послужете.